Започнуваме нов Еразмус+ проект во Таки Даскало

СОУ “Таки Даскало” започна со реализација на нов Еразмус плус проект насловен “Обединети училишта” – “United schools”, (КА210 SCH), во кој партнери се средни училишта од Македонија, Словачка и Турција.

Програмата Еразмус плус е водечка програма на Европската комисија, фокусирана на образованието, обуката, младите и спортот.