Свечена прослава на патрониот празник

СОУ Таки Даскало достоиствено го прослави патрониот празник со пригодна свечена приредба која се одржа на 15.05.2025 во прекрасниот Офицерски дом во Битола. 

Програмата беше исполнета со младешка енергија искажана преку музика, изложба, модна ревија, поезија…Настан кој никого не остави рамнодушен. Вечерта беше исполнета со љубов всадена во секоја испеана песна, во секој изрецитиран збор, во секоја уметничка креација, во секоја слика и во секоја креативна изработка на нашите ученици. ❤️

Ова не беше само обична прослава на патронат. Ова беше чиста, спонтана симбиоза на учениците со професорите, изразена преку чиста емоција и обострана почит едни со други.

Честитки и до професорите, кои во улога на ментори ги подготвија нашите млади прекрасни ученици да изведат ваква програма. Тоа доволно зборува за синергијата и тимот на нашето училиште.

Нека ни е честит празникот и да си го славиме уште многу години! 

Ги споделуваме сите позитивни вибрации од свечената прослава доловени преку фотографии.