Еразмус+, Состанок на наставници во Нашице, Хрватска
Од 25 до 27 во ноември 2024 во Нашице, Р. Хрватска се одржа состанок на наставници за активностите на Еразмус+ проектот Единствани и активни (Unity in Motion). На состанокот присуствуваа 10 наставници од Норвешка, Португалија, Италија, Македонија и Бугарија, наставници од училиштето домаќин, Srednja skola Isidora Krsnjavoga.
Во текот на три дена, наставниците, покрај културните, спортските и туристичките содржини (погледот на замокот Пејачевиќ, францисканскиот манастир и парохиската црква, градот Осиек, коњичкиот клуб NEXE, винаријата Енософија, учество на ракометен натпревар) работеа на планирање и развивање активности помеѓу следната мобилност и подготовка на материјали кои ќе се дистрибуираат во родителските училишта – до наставниците и до учениците. Во оваа прилика тие се запознаа со училиштата од кои доаѓаат, ги споделија тешкотиите со кои се среќаваат во училниците, училиштата и меѓу учениците, но и примери на добра практика и работеа на можни решенија применливи за секој предмет.
Колаборативната настава, тимската работа и размената на наставни методи и доживотното учење ја одбележаа оваа средба.




















