Еразмус+ во нашето училиште

Од 22 до 26 2025 година во СОУ Таки Даскало се одржа активност за учење, настава и обука во рамките на меѓународниот проект „Единствени и активни“ во кој нашето училиште е еден од партнерите.

Овој проект се реализира во рамките на прогрмата Ерасмус плус, која е водечка програма на Европската комисија, фокусирана на образованието, обуката, младите и спортот.

На активноста присуствуваа 26 ученици и 12 наставници од останатите партнерски училишта во проектот: Средно училиште “Христо Ботев”, од Враца, Бугарија, I.I.S.S. “S. Trinchese” од Мартано, Италија, Agrupamento de Escolas de Nisa од Ниса, Португалија, Srednja skola Isidora Krsnjavoga од Нашице, Хрватска и Trysil videregaaende skole, од Трисил, Норвешка. Сите гостински ученици беа сместени во домовите на нашите ученици.

Главна цел на проектот е зголемување на благосостојбата на учениците на училиште преку часови со физичка активност по одредени училишни предмети. Тој се фокусира на употребата на дигитални алатки и технологија во текот на целиот процес, притоа почитувајќи ја природата на секој предмет. Активноста во Македонија беше фокусирана на програмирањето и физичките активности: предавања, работилници, експериментирање. Потоа стекнување на вештини и методи релевантни во изучувањето на програмирањето и воспоставување врски со физички активности за подобрување на вклученоста, интересот и концентрацијата за време на час. Преку различни спортски активности се учеше англиски и се развиваа комуникациски вештини во реални ситуации.

Ние како домаќини за учеcниците ги организиравме следните активности:

Понеделник:

– Активности за добредојде во СОУ Таки Даскало

– Посета на музејот во Битола

– Презентации од студенти

– Посета на историските и културните места во Битола

Вторник:

– Програмирање со физички активности, реализиравме часови во соработка со Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битолa на тема:

  • Виртуелна реалност со фини моторни вештини со користење на SprayVerse и WeldVR

– Попладневни активности во спортската сала на училиштето

  • Традиционални македонски и модерни спортски активности

Среда

– Програмирање со физичко образование – реализиравме часови во соработка со Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола на тема:

  • Креирање и презентација на 3600 видео и видео со целосна купола

– Средба со градоначалникот на Битола

– Посета на античкиот град Хераклеја Линкестис

Четврток

– СУП (SUP, Stand-up paddleboarding) активност во Охридското Езеро

– посета на Охрид, град на светското наследство на УНЕСКО

Петок

– Пешачење и активности на отворено во Националниот парк Пелистер

  • Посета на изложбата поставена во Инфо центарот на Националниот парк
  • Пешачење по историската патека од Првата светска војна

– Проштална забава во училиште

Тимот од СОУ Таки Даскало го сочинуваа Тома Црнец IV-11, Ева Чагорска III-11, Анастасија Чагорска III-11, Антонио Трајковски III-11, Димитар Чалевски III-11, Марко Ристески III-11, Андреј Јошев III-11, Симона Николовска III-11, Сара Топаловска III-11, Јана Темелкова III-11, Илина Автаровска III-11, Симона Макриевска III-11, Јована Петровска III-11, Ана Ноческа III-11, Марија Котевска III-11, Аурора Де Ангелис III-10, Илијана Најдовска III-10, Јована Марковска II-11, Стефан Петровски II-11, Христијан Пишмановски II-11, Михаил Димитровски II-11, Марко Савиќ II-11, Дарко Стефановски II-11, Теона Петровска II-11 и Теодор Торневски II-10,

како и професорите Гордана Јордева, координатор, Тања Чагорска, Марија Младеновска Димитровска, Петар Ѓоргиевски, Весна Мундишевска Велјановска и Никола Ѓелевски.