Учество при реализацијата регионалниот натпревар "Детски семафор 2025"
Нашите ученици од Сообраќајната единица при сообраќајната струка од СОУ “Таки Даскало”, под менторство на професорката Гордана Кожуваровска, во мај 2025 год. зедоа учество при реализацијата на 52-риот регионален натпревар “Детски семафор 2025”, што се одржа во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Битола и Народна техника, чија цел беше едукација и зголемување на јавната свест и сообраќајната култура кај младите генерации, за поголема безбедност во сообраќајот.












