Учење преку работа кај работодавач
Компании во кои се изведува феријална пракса за стручно образование:
- Компании за сектор: Текстил, кожа и други производи
- Компании за сектор: Геологија, рударство и металургија
- Компании за сектор: Лични услуги / Техничар за козметичка нега и убавина
- Компании за сектор: Сообракај, транспорт и складирање
- Компании за сектор: Градежништво и геодезија
Современото стручно образование повеќе не се темели само на учење од учебник. Денешниот ученик треба да знае да работи, да размислува и да се снаоѓа во вистинска работна средина. Токму затоа сè поголемо значење добива концептот „учење преку работа кај работодавач“ – модел во кој дел од наставата се реализира директно во компанија, работилница или индустриски погон.
Учењето преку работа е организирана форма на образование во која ученикот:
- извршува реални работни задачи, користи вистинска опрема и алати, работи со ментор – вработен кај работодавачот, стекнува навики, одговорност и работна дисциплина.
- ученикот не е само набљудувач – тој активно учествува во процесот на работа, постепено преземајќи сè посложени задачи.
Во овој процес клучна улога има координаторот за учење преку работа кај работодавач. Координаторот е лицето што го поврзува училиштето, ученикот и работодавачот. Без оваа улога, практичната настава би била само повремена посета, а не вистинско учење.
Неговите главни задачи се:
- Организација: (воспоставува соработка со компании, склучува договори за практична обука, изработува распоред за учениците.
- Подготовка на учениците: (ги запознава со правилата на однесување во работна средина, укажува на безбедност и заштита при работа, објаснува што се очекува од нив –права и обврски).
- Следење и поддршка: (редовно ги посетува учениците кај работодавачот, комуницира со менторите, помага ако се појави проблем или недоразбирање.
- Оценување и евиденција: (води документација за реализирана практика, ја следи успешноста на ученикот, учествува во оценувањето на постигнатите компетенции.
Работодавачите, пак, добиваат можност да создадат идни обучени работници, запознаени со нивната технологија и организација на работа. Учењето преку работа кај работодавач претставува чекор кон модерно и применливо образование. Преку него учениците не учат само „како функционира професијата“, туку стануваат дел од неа уште додека се ученици.
Координатор за Учење преку работа кај работодавач во нашето училиште е проф. Валентина Маневска.
УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ ЗА УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА: