СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ
„ТАКИ ДАСКАЛО“ - Битола


Во учебната 2021/2022 година, во прва година ќе се запишат 408 ученици во 12 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:
Гимназиско образование
Геолошко - рударска и металуршка струка
Градежно - геодетска струка
Сообраќајна струка
Текстилно - кожарска струка
Графичка струка
Угостителско - туристичка струка
Лични услуги
Гимназиско образование

68 ученици во 2 паралелки, за упис потребни се минимум 60 поени
Гимназиско образование

34 ученици, 1 паралелка, за упис потребни се минимум 60 поени (македонско – англиска билингвална паралелка)
Геолошко - рударска и металуршка струка

34 ученици, 1 паралелка, за упис потребни се минимум 45 поени
Сообраќајна струка

68 ученици во 2 паралелки, техничар за патен сообраќај, (34 ученици, 55 поени минимум) техничар за транспорт и шпедиција, (34 ученици, 60 поени минимум)
Текстилно - кожарска струка

техничар за дизајн на облека / техничар за изработка на облека 34 ученици, 1 паралелка, за упис потребни се минимум 45 поени
Градежно - геодетска струка

градежен техничар / архитектонски техничар34 ученици, 1 паралелка, за упис потребни се минимум 45 поени
Графичка струка

68 ученици во 2 паралелки, графички уредник – дизајнер / графички техничар, (34 ученици, 45 поени минимум) печатар/ изработувач на визуелни апликации, (34 ученици, 30 поени минимум)
Угостителско - туристичка струка

хотелско - туристички техничар 34 ученици, 1 паралелка, за упис потребни се минимум 45 поени
Лични услуги

техничар за козметичка нега и убавина34 ученици, 1 паралелка, за упис потребни се минимум 45 поени
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.
Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на:
* 14 јуни 2021 година во период од 12:00 часот до 19:00 часот, * 15 и 16 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и * 17 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.
Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 17 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.
Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на:
* 23 и 24 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и * 25 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.
Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.
Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на:
* 30 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.
Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 23 август 2021 година за што доставуваат доказна документација.