Нов кабинет на графичката струка и посетата на министерот

Во посета на СОУ”Таки Даскало” – Битола беа министерот за образование и наука, Арбер Адеми и заменик-министерката, Елизабета Наумовска, кои ги посетија графичката и градежно-геодетската струка, каде неодамна се реализираа вредни инвестициски проекти преку МОН и беше донирана современа и софистицирана опрема за овие струки, со што се овозможи изведување настава во најсовремени услови и со најсовремена опрема.
Директорот на СОУ “Таки Даскало”, Владо Ѓоргиевски, истакна дека и во иднина ќе бидат реализирани уште крупни инвестициски проекти и за останатите струки и ќе се овозможи унапредување на процесот на настава и осовременување на условите за работа на наставниците и на учениците.

Date

April 26, 2020

Category

Активности