УЧЕСТВО НА ЗДРАВСТВЕНА ЕДУКАЦИЈА И ПРЕВЕНЦИЈА “ЗДРАВА ХРАНА” ПРЕВЕНТИВНА ПРОГРАМА ЗА ГРИЖА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ

Во соработка со Vitalia –healthy food Skоpje, компанија за производство и продажба на здрава храна со природни и високонутритивни  производи,со мисија да создава здрави производи со проверен квалитет, промовира подобар и поздрав живот за креирање на здрави генерации со развиена свесност за здравата исхрана.За важноста од здрави прехрамбени навики и балансирана  здрава исхрана, реализирано е едукативно здравствено предавање во нашето училиште по пат на работилници и се разработени теми за;Принципите на здрава исхранa; Детално дефинирање на секоја категорија на храна;Важноста на физичката активност; Препорачани количини на консумација на вода и исхрана и по физичка активност. Предавањето беше реализирано од М-р Марија Арнаудова-нутриционист.Во реализацијата на едукативното предавање учествуваа и активо соработуваа ученици од:I-12, II-5, III-2, III-4, и IV-8(гимназиско и стручно образование) како и ученици со своите родители од специјалното училиште” Св. Наум Охридски” дисперзирани паралелки – Битола. Во организирањето и реализацијата на едукативното предавање задолжени беа:Владо Ѓорѓиевски-директор на училиштето, Славица Наумовска-училишен психолог, Елена Јанкуловска-раководител на специјалните паралелки и Симона Петровска- наставник. Сите учесници добија пригодни производи на Vitalia- healthy food, печатени упатства за креирање на здрави прехрамбени навики и неделно  мени за избалансирана здрава исхрана.

 

 

Date

May 15, 2020

Category

Активности