УЧЕСТВО НА ЕВРОГАЈДЕНС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЕВРОГАЈДНЕС МРЕЖАТА КАКО ДЕЛ ОД ЕРАЗМУС + ПРОГРАМАТА КАРИЕРНО ОБРАЗОВАНИЕ И СОВЕТУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ

Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност во ноември 2019 год. одржа Еврогајдес конференција во Струмица, на која зедоа учество  40 наставници од градовите: Битола, Велес, Гостивар, Прилеп и Тетово. Целта на конференцијата беше запознавање на наставниот кадар од средните училишта со Еврогајденс мрежата која е дел од Еразмус+ програмата и кариерно образование и советување на учениците во Центрите за кариера и оние кои вршат образование и советување на учениците и какви можности нуди таа. На конференција од страна на експертски лица беа реализирани неколку работилници за: кариерно образование и насочување на учениците со примена на соодветни методи и стратегии за работа, исто така беше претставен и методот на обучување и беше презентиран начинот и можностите како да се алицира на Еврогајднес мрежата и се реализираат проекти кои треба да бидат прифатени од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност. Учесници на конференцијата: Славица Наумовска – училишен психолог и Катерина Маурдева – наставник по графички стручни предмети. Сите учесници на конференцијата добија сертификати за својата активност, соработка и учество.

Date

May 15, 2020

Category

Активности