УЧЕСТВО ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПСИХОЕДУКАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ОД ПОДРАЧЈЕТО ГРИЖА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ И ПРОГРАМАТА ЗА РАБОТА СО ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТЕШКОТИИ

Училиштето и Инклузивниот тим, обезбедува атмосфера за поддршка на учениците со различен спектар на попречености, која ги стимулира позитивните идеи за инклузивно образование, во безбедна и хармонична средина.Поддршката на учениците со различен спектар на попреченост, реализирана преку нивно вклучување во психоедукативни работилници овозможуваат придонес за создавање на позитивни промени во нивното социјално однесување, нивниот фокус на внимание, стимулирање на когнитивниот и емоционален развој и поголема самодоверба. Реализирани се повеќе креативни работилнициво создавање на ликовни продукти. Преку создавањето на ликовните продукти се одбележаа:3-ти декември Меѓународен ден на лица со посебни потреби”, “Новогодишна порака“ и “2-ри Април Меѓународен ден на лица со Аутизм“.Ликовните продукти од работилницата “Новогодишна порака” беа вклучени во изложбениот дел и прославата на Новогодишните празници во училиштето. Во реализацијата на психоедукативните работилници беа вклучени учениците со посебни образовни потешкотии, обрзовните асистенти: Виолета Атанасоска, Пандора Бојовска, Рената Димановска, Оливера Пандаревиќ и Наташа Стојановска.Организатори и реализаторите на работилниците: Славица Наумовска- училишен психолог и психотреапевт и Марија Младеновска Димитровскa-училишен психолог.

Date

May 27, 2020

Category

Активности