УЧЕСТВО ВО АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ ВО РЕК “БИТОЛА

Ученици и наставници од СОУ “Таки Даскало“ предводени од директорот на училиштето, Владо Ѓорѓиевски и професорката по рударски стручни предмети, Валентина Маневска, зедоа учество во акцијата за пошумување на зелен појас околу Рударско- енергетскиот комбинат “Битола, каде беа засадени повеќе илјади багремови садници на старите одлагалишта со пепел во РЕК, со цел да се заштити животната средина од загадување.

Целта на акцијата беше создавање на зелен појас околу РЕК Битола, со што ќе се намали загадувањето на градот и ќе се заштити животната средина.

Date

May 2, 2020

Category

Активности