Психолозите Марија Младеновска Димитровска и Славица Наумовска одржаа обука на тема: “Препознавање, справување и превенција на насилство во училиштата“

Во СОУ “Таки Даскало”, стручните соработници-психолози Марија Младеновска Димитровска и Славица Наумовска, одржаа обука на тема: “Препознавање, справување и превенција на насилство во училиштата“. Оваа обука е дел од активностите на проектот “Препознај, превенирај и примени мерки против насилство“, кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА, во соработка со СОУ “Таки Даскало” и др. средни училишта од Македонија, а е финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Стратешки партнерства за развивање на социјална агенда за промени: „Препознај , почитивај и оставрувај права“ финансиран од ЕУ, спроведуван од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта – Open Gate: La Strada

Date

May 27, 2020

Category

Активности