Психологот Марија Младеновска-Димитровска одржа предавање на Славјанскиот универзитет

ПРЕДАВАЊЕ НА СЛАВЈАНСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

По повод 3-ти декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост, м-р Марија Младеновска-Димитровска, училишен психолог во СОУ „Таки Даскало” и координатор на Училишниот инклузивен тим, одржа предавање на Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола на тема “Психолошките и педагошките концепти на процесот на инклузија“, за подигнување на јавната свест и одговорност за лицата со попреченост со посебен осврт на психолошките аспекти на инклузивното образование.
Предавачи на настанот беа и доц. д-р Горица Поповска Налевска, од Факултетот за психологија при МСУ и д-р Анита Ристеска од Факултет за психологија при МСУ.

Date

May 27, 2020

Category

Активности