Општински совет за превенција на детско престапништво на Општина Битола

Се конституира Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Битола, чиј мандат ќе биде со времетраење од 5 години. Од СОУ “Таки Даскало“, претставник во Советот е стручниот соработник-психологот Марија Младеновска Димитровска. Советот како советодавно тело ќе се стреми кон намалување и превенција на претстапничките појави и однесувања кај децата односно младите лица и нивна правилна инклузија во општеството. На конститутивната седница беше донесен Деловникот и Програмата за работа на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво

Date

May 27, 2020

Category

Активности