Наградени Ученици

Ученици од IV година гимназиско образование, под менторство на професорката по филозофија Евгенија Маневска, на 7 март 2020 година, учествуваа на регионален натпревар по филозофија кој се одржа во Тетово.

Нашата ученичка ЕВА СИВАКОВ од I-12 клас, гимназиско образование билингвална паралелка, под менторство на професорката по физика Татјана Црнец учествуваше на Државниот натпревар по астрономија, што се одржа на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет.

Нашата ученичка Емилија Крстевска од I-12 билингвална паралелка ја освои првата награда за најдобар есеј на англиски јазик на Републичкиот натпревар, под менторство на професорката по англиски јазик Валентина Богојовска.

Date

April 26, 2020

Category

Активности, Наградени Ученици, Останато