Завршната конференција „Како да се подобрат мерките за спречување и превенција од насилство во училиштата

На 19.09.2019 во хотел Континентал во Скопје се одржа Завршната конференција „Како да се подобрат мерките за спречување и превенција од насилство во училиштата“, која е дел од проекотот „Препознај, превенирај и примени мерки против насилство.
Во рамките на проектот беше спроведено истражување во 15 средни училишта за утврдување на актуелната состојба за постоење, превенција и справување со насилство (анкета со учениците во средните училишта и интервју со стручните служби) и ТоТ обука за наставници за препознавање насилство и справување со истото.
На настанот да учествуваа претставници на вклучените училишта во проектот „Препознај, превенирај и примени мерки против насилство“, претставници на Центрите за социјална работа, БРО, МОН, Комитет за превенција на насилен екстремизам и борба против тероризам, и др.

На конференцијата “Како да се подобрат мерките за спречување и превенција и насилство во училиштата” – Проект “Препознај, превенирај и примени мерки против насилство” учествуваа стручните соработници – психолози Марија Младеновска-Димитровска и Славица Наумовска, која беше во организација на Коалиција на младински организации СЕГА.
СОУ “Тако Даскало”, во изминатите неколку месеци беше вклучено во активностите од проектот “Препознај, превенирај и примени мерки против насилство во училиштата”, кој го реализира Коалицијата на младински организации СЕГА во соработка со Отворена Порта, финансиран од ЕУ, во рамките на кој беа спроведени повеќе активности и истражување за актуелната состојба со постоење на насилство во училиштата. Во рамките на проектот во кој беа вклучени 15 средни училишта од Македонија, беше направено истражување за застапеноста на насилството и видовите насилство, во кое беа вклучени вкупно 1500 ученици, од кои 100 ученици од СОУ “Таки Даскало”, како и интервјуирање на стручната служба. Исто така беше направена дисеминација на наставниците за насилството, како и обуки и предавања за насилството за учениците. Целта на проектот е подигнување на свеста кај учениците и наставниот кадар за препознавање на насилството, видовите насилство и превенција од насилство. На завршната конференција беа презентирани резултатите од анализата на состојбата со насилството во училиштата, како и спроведените проектни активности. За успешната соработка на учесниците во проектот и училиштата им беа доделени сертификати.

Date

May 27, 2020

Category

Активности