Форумски сесии во проектот “Зајакнување на општинските совети”

Психологот Марија Младеновска Димитровска учествуваше како претставник од СОУ “Таки Даскало“ на првата форумска сесија во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети”, на тема социјална инклузија, кој е финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП. Во рамките на проектот, учесниците на форумот, преку директно и непосредно учество на 5 предвидени форумски сесии, ќе изберат од 1 до 3 проекти кои ќе се реализираат со средствата кои ги дава Швајцарската агенција за развој и соработка, а кои треба да се однесуваат на социјалната инклузија. Целта на форумот е граѓаните да дадат свој директен придонес во развојот на општина Битола.

Date

May 27, 2020

Category

Активности