УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТ: “ПРЕКУ ВРСНИЧКА ЕДУКАЦИЈА- ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСНОСТА ЗА СЕКСУАЛНОТО И РЕПРУДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ КАЈ МЛАДИТЕ ВО БИТОЛА”

Со поддршка од Општина Битола, Центарот за човекови права „АМОС“ –Битола, го реализира проектот „Прку врсничка едукација подигнување на свесноста за сексуалното и репрудуктивното здравје кај младите во Битола”. Овој проект ги применува принципите карактеристични за човековите права, како што се: учество, искуствено учење, учење по пат на соработка и учење со решавање на проблеми. Активностите се реализираа преку врсничка едукација која има поголем ефект кај младите.Учениците зедоа учество во работилниците во рамките на проектот, апотоа и самите организираа работилница за врсничка едукација со соученици во рамките на училиштетопод мониторинг на преставник од Центарот за човекови права АМОС. На учесниците во проектот им беа доделени сертификати. Во проектот учествуваа ученици од четврта година-графичка струка, графички техничар:Џенифер Ризвановска, Христијан Станковски и Илче Шојлелевски, наставниците по графички стручнипредмети: Весна Мундишевска-Велјановскаи Катерина Маурдева и Славица Наумовска-училишенпсихолог.

Date

May 15, 2020

Category

Активности