Спортски турнир во рамките на проектот “Попреченоста е прашање на перцепција”

СОУ “Таки Даскало” зеде учество во спортскиот турнир кој се организираше во рамките на проектот “Попреченоста е прашање на перцепција” кој го реализира Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост Цплип Порака Битола. На турнирот учествуваа ученици од СОУ Таки Даскало, како и ученици со посебни образовни потреби во придружба на образовните асистенти, а под менторство на психологот и координатор на Училишниот инклузивен тим Марија Младеновска Димитровска и професорот по спорт и спортски активности Сашо Илиевски.

Date

May 27, 2020

Category

Активности