ОБУКА МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР

Стручните соработници-психолози Марија Младеновска Димитровска и Мирјана Гичевска и професорката од градежно-геодетската струка Снежана Балјаревска-Стојановска, учествуваа на обуката на Младинскиот културен центар – Битола во рамки на проектот „Средношколски капитал“, за средношколци, професори и вработени во стручната служба на сите средни училишта во Битола.
Целта на обуката беше да се дискутира за потребите, предизвиците и можностите за формирање на средношколска заедница, но и за функционирањето на средношколската заедница во средните училишта во кои веќе е формирана.
Проектот „Средношколски капитал“ е дел од Проектот за младинско изразување поддржан од Европска унија и спроведуван од Младински образовен форум, Центарот за балканска соработка Љоја и Младински сојуз Крушево

Date

May 27, 2020

Category

Активности