Обука за аутизам

Во организација на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, се одржа состанок на фокус групи составени од професионалци кои работат со деца со аутистичен спектар на нарушувања за тестирање на прототип на ново дигитално решение за сеопфатно сексуално образование наменето за деца (над 9 години) и млади со аутистичен спектар на нарушувања. Во тек е изготвување на онлајн платформа за сексуално образование за децата со аутизам која ќе можат да ја користат родителите и стручните лица кои работат со деца со аутистичен спектар.

Свое учество од СОУ Таки Даскало зедоа психолозите Марија Младеновска-Димитровска и Наташа Ралевска Вучкова.

Date

May 27, 2020

Category

Активности