Концерт во чест на Били Ајлиш

За роденденот на младата мегапопуларна Били Ајлиш, учениците на СОУ Таки Даскало заедно со нивниот професор по музичка уметност Христиан Петковиќ, одржаа мини концерт во просториите на ,,Хотел Театар”.
Во рамките на овој концерт не беа вклучени само ученици кои се талентирани за вокална интерпретација, туку и ученици кои покажуваат наклоност кон одредени музички инструменти: пијано, укулеле, гитара, кахон и кларинет.
Сите заедно како музичка целина настапуваа пред мала публика која ги поздравуваше со громогласен аплауз после секоја изведена нумера.
Ваквиот пречек од страна на публиката ги мотивира младите ученици да продолжат да го негуваат овој талент.
Ваквите резултати се добиени како последица од подготовките кои траеа во тек од 2 месеци.
Секој труд и добра соработка резултира со ваков плод.

http://https://www.youtube.com/watch?v=52TcCDR4YSc&t=31s

http://https://www.youtube.com/watch?v=p_lP-KYfKp0

http://https://www.youtube.com/watch?v=nbkaTn_QZXA&t=2s

Date

May 4, 2020

Category

Активности