Изработка на архитектонски проект “Салон за убавина“

 

Во рамките на проектот учениците од  архитектонската струка:

Сања Јованова II год. и Елена Џокоска III год. ; Иван Талевски и Блаже Богданов III год;

Ангела Вељанова II год. и Стефанија Стојанова III год. ; Димитра Ангели III год

учествуваа во изработката на архитектонски проект кој опфати: проектирање на објект:                   “Салон за убавина” – цртање на основи, изработка на пресеци, изгледи  и нивна анализа.

Проектот е изработен под менторство на наставникот: Снежана Баљаревска Стојановска и  во соработка со предметниот наставник Каранфилчо Алачев – наставник по предметот Лични услуги и други сектори на квалификации – образовен профил – техничар за козметичка нега и убавина.

Проектот требаше да биде проследен со изработка на статика и арматурни планови, технички извештај, предмер и пресметка под менторство на наставниците по градежни предмети.

Со отворање на кабинетот наменет за оваа струка учениците имаа можност да ги изучуваат најновите софтверски програми: AUTO CAD и RADIMPMEKS со кои се исцртуваат проектите и се изработува статиката.

Date

May 11, 2020

Category

Активности, Градежно-геодетска струка