За Патронот

Тодор Николовски - Таки Даскало
Тодор Николовски - Таки Даскало

За Патронот

Тодор Николовски – Таки Даскало е роден како прво дете на 17.11.1921 во семејство на битолски книжар. Годините како младинец ги поминува во изучуваање на занает за да се оспособи што побрзо за живот. По природа благопријатен, но и со буен карактер кој не трпи неправди и компромиси се определува со вжарен ентузијазам за борба против секаков вид на експолатација и ропство. Мислата му беше да биде што поблиску до народот, до трудбениците од градот и селото и тоа е причина да се определи за учителска работа.

Во Учителското училиште во Скопје, кадешто го испраќаат родителите, кои со извондредна љубов се стремеа да му ја задоволат таа негова младешка желба, тој влегува во кругот на напредните младинци кои го создаваа јадрото на антифашиистичката борба. Оваа пројавена активност на Тодор Николовски – Таки Даскало не ѝ се допадна на дирекцијата на училиштето, на нејзините наставници, меѓу кои уште имаше голем број со монархистичко настроение и на политичка кусогледност и затоа го отстрануваат од училиштето. Благодарение на високо развиениот револуционерен дух, кој го раководеше при организирањето и изградувањето на другите ученици, Таки Даскало беше приморан да отпатува во Црна Гора и да се запише во училиштето за учители во Цетиње. Но и таму наскоро ќе биде разоткриен заради неговите антифашистички пропаганди и зато се враќа во родниот град. Своето образовавние го продолжува во Алексинац во Србија. Окупацијата го изненадува во Битола, каде што станува член на КПЈ. Под сосем тешки услови, тој не ја губи присебноста со доаѓањето на фашистите, напротив, оди во Алексинац, ги прибира документите се враќа назад и го положува матурскиот испит во гимназијата во Битола.

На 11 октомври 1941 година агентите го забележуваат низ улиците на Битола и се обидуваат да направат претрес во неговиот дом и затоа Таки Даскало наскоро се приклучува во првиот партизански одред во битолско. Во расцутаната пролет на 1942 година како силни секавици што сеат ужас во бурна ноќ, светкаат цевките од пушките на храбриот партизански одред опколен над селото Ореово од фашистичкиот непријател. Во развиорена нерамна и херојска борба покрај Таки Даскало, загинува и нејзината другарка Елпида Караманди. Неговата смрт претставува залог за генерацијата просветни работници кои ги положија своите животи во името на слободата, правдата и човечноста. Токму затоа ние со гордост го прифативме како Патрон на нашето училиште.