Од 26јануари до 2 февруари 2020 година во Ратинген, Германија, група наставници и ученици од СОУ Таки Даскало Битолаучествуваа на т.н активност за учење, настава и обука во рамките на меѓународниот проект „Одржливоживеење – Активни граѓани“.
Домаќин на оваа активност беше партнерското училиште Adam-Josef-Cüppers-Berufskolleg од Ратинген, Германија. Овој проект се реализира во рамките на прогрмата Ерасмус плус, која е водечка програма на Европската Комисија, фокусирана на образованието, обуката, младите и спортот.
На активноста присуствувааи ученици и наставници од останатите партнерски училиштаво проектот, Trysil videregaaende skole од Трисил, Норвешка, IISS Francesco De Sanctis Sant’Angelo dei Lombardi од Сант Анџело деи Ломбарди, Италија, Ensemble Scolaire Jeanne d’Arc + St. Joseph одРемиремонт, Франција, како и одMuhoksen lukio од Мухос, Финска.
Целта на овој проект е учениците да научат што е одржливо живеење и што значи да се биде активен граѓанинво нивната локална заедница. Активноста во Германија беше фокусирана на стекнување на знаења и практични искуства за тема одржлив економски развој што подразбира избор и користење на локално произведени стоки, употреба на локални под-добавувачи, постојано рециклирање на ресурсите, и ги тера луѓето да користат локални бизниси. Неколку релевантни експерти од локалната заедница одржаа предавања и дебатина оваа тема.Училиштето домаќин за учениците организираше квизови и работилници за креирање и подигнување на свеста кај учесниците за потребата луѓето во една заедница да ги рециклираат ресурсите со кои располагаат и да ги развиваат локалните бизниси.Исто така беше организирани екскурзии во коисе посетијаисториските локалитети во градовитеРатинген, Диселдорф и Келн.