Наградувани личности во СОУ „Таки Даскало“

М-р Марија Младеновска – Димитровска, Психолог

М-р Марија Младеновска – Димитровска е родена на 17.03.1979 година во Битола. Основното образование го заврши во ОУ “Св. Климент Охридски“, додека средното образование во Гимназијата “Јосип Броз – Тито“ во Битола. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Филозофскиот факултет, Институт за психологија – Скопје. Магистер е на психолошки науки – клиничка и советодавна психологија и постдипломец на педагошка психологија, едукант на гешталт психотерапија. Од 2011 година е вработена како стручен соработник – психолог во Средното општинско училиште “Таки Даскало“ – Битола. Член е на Здружението на гешталт психотерапевти на Македонија.

Добитник е на највисокото општинско признание на Општина Битола наградата “4 Ноември“ за 2019 година во областа на образованието, за нејзиното учество на XVI Европски конгрес за психологија, на Државниот универзитет Ломоносов, во Москва, Русија, како единствен учесник  од Република Македонија.

Учествувала и излагала нејзини научни трудови на 34 меѓународни научни конференции, меѓу кои во два наврати на научни конференции на Универзитетот Харвард во Бостон, САД, на конференции на Универзитетот во Белград, Универзитетот во Нови Сад, Србија, на Филозофскиот факултет во Приштина, Меѓународниот славјански универзитет, на Универзитет “Св Кирил и Методиј“ Скопје, а свој научен труд објавила и во меѓународно списание со висок импакт фактор “Universal journal of psychology“ од САД. Младеновска-Димитровска објавила 26 научни истражувачки труда. Учесник и координатор е на бројни училишни и Еразмус проекти, проекти поддржани од УНДП, УСАИД, Швајцарската агенција за развој и соработка, ОБСЕ, Светска банка и др. Учествувала и на десетици обуки од областа на образованието, инклузија на деца со посебни потреби, врсничко насилство, булинг и сајбер булинг, аутизам, дислексија, работа со надарени и талентирани ученици, обуки од областа на модернизација на образованието, била и предавач на разни теми од областа на психологијата и образованието, на бројни трибини, дебати, свечени академии итн. Претходно работела како новинар, уредник и технички уредник во Битолски весник, радиоводител и новинар во Радио Б-97, била координатор на меѓународни проекти во Општината Битола во 2007 година, а во 2009 година е ангажирана како лице задолжено за односи со јавност во Општина Ресен.

Весна Мундишевска-Велјановска

Весна Мундишевска-Велјановска – прогласена за просветен работник на годината, односно добитник на Признание за извонредни постигања во воспитно-образовниот процес на 24.05.2009 г. од Здружение на просветни работници од основно и средно образование – Битола.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонското научно друштво – Битола. Автор и коавтор е на 7 стручни книги и стотина стручни трудови објавени во списанија и зборници на трудови, а автор е и на 12 книги поезија, книга со критичко-есеистички текстови и книга со песни за деца. Добитник е на бројни награди за нејзини дела и како ментор на ученици.

Учествувала во создавањето и уредувањето на повеќе весници и списанија, автор и учесник е во бројни проекти од образованието, реализирала огромен број семинари за наставници од основните и средните училишта во Македонија, подготвила 50-тина изложби со трудови од учениците, учествувала во изработка на наставни програми, стандарди за постигањата на учениците и сл. Била претседател и член на раководството на неколку здруженија. Амбасадор на мирот е во Cercle Universel Des Ambassadeurs De La Paix – Suisse/ France од 2016 г.

Милица Димитријовска-Радевска

Милица Димитријовска-Радевска e родена 1967 во с.Вирово, Демир-Хисар. Дипломирала на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески,, – Скопје,  група македонски јазик. Работи како професор по македонски јазик и литература во СОУ ,,Таки Даскало,,-Битола. Член е на Друштвото на писатели на Република Македонија и на  Македонското научно друштво од Битола. Радевска има објавено голем број на творби во литературни списанија, билтени, алманаси како  во ,,Современост‘‘ , „Стремеж“,    „Раст“, „Современи дијалози“, ревијата ,,Бранување“, списанието за литература и култура „Хелис“ од Романија и др. Трудови од областа на воспитно-педагошка дејност има објавувано  во: „Воспитни крстопати“, „Образовни рефлексии“, „Литературен збор“,  „Просветно дело“.

Автор е на стихозбирките ,,Обидници‘‘ (Книжевна младина на Македонија, Скопје 1988 г.) „Лечебница“ ( Развиток  -Битола 2000 г. ),  ,,Поетски дијалог“  во коавторство со Весна Мундишевска –Велјановска во издание на Матица македонска, „Воздишки на ветрот“, во издание на Матица, 2013 година, „Лузни на зборот“, во издание на Битолскиот книжевен круг, Битола, 2016, „Сам во пределите на сонот“, 2019 во издание на Матица, како и наставното помагало  ,,Јазикот и графиката“,  во коавторство со Мундишевска. Учествувала на повеќе книжевни манифестации и научни средби од областа на  литературата и воспитно-педагошката дејност. Нејзината поезија е преведена на српски, англиски, романски јазик. Свои критички огледи, записи, рецензии напишала за повеќе современи македонски автори- Радован П. Цветковски , Раде Силјан, Веле Смилевски, Панде Манојлов, Владимир Костов, Весна Мундишевска-Велјановска, Кире Неделковски, Борче Панов, Даниела Андоновска Трајковска и други.

Здружението на просветни работници од основното и средно образование од Општина Битола по повод 24 Мај-Денот на словенски просветители ѝ додели признание за најдобар просветен работник во средното образование во учебната 2006/2007 година, за постигнувањата во воспитно –образовниот процес.

Гордана Кожуваровска

М-р Гордана Кожуваровска – прогласена за просветен работник на годината, односно добитник на Признание за извонредни постигања во воспитно-образовниот процес на 24.05.2004 г. од Здружение на просветни работници од основно и средно образование – Битола.

Претседател на РСБСП (Републички совет за безбедност  на сообраќајот на патиштата) на Р.С. Македонија.од 2019 год.

Претседател на Синдикалната организација на СОУ“Таки Даскало “ Битола во периодот од 2013 -19 год.

Член на Сојузот на сообраќајните инжињери на Р.С. Македонија

Автор на учебници за сообраќајна струка на 5 и коавтор е на 1 учебник,  рецензент на голем број стручна литература, голем број на  стручни трудови објавени во списанија и зборници на трудови. Додбитник  на  дипломи и сертификати  на државни натпревари   на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта во Р.С.Македонија и голем број на сертификати за учество на стручни конференции и симпозиуми.

Учествувала во создавањето и уредувањето на повеќе весници и списанија, и во бројни проекти од образованието.

Мирјана Гичевска

Мирјана Гичевска специјалист по училишна психологија

Вработена во СОУ „ ТАки Даскало“ Битола од учебната 1992/93 како наставник по сообраќајна психологија, од март 1994 на работното место училишен психолог. Континуирано учествува на обуки и семинари за унапредување на воспитно образовната дејност во организација на МОН и БРО и се стекнува со сертификат за ментор на наставници во 2008 год. советник за кариера од 2015/16год.  е советник за кариерен развој на учениците.  Поседува практично искуство како  обучувач  за активни методи на  настава, интерактивна наставна методологија, унапредување на оценувањето во наставата, мултикултурализмот, човековите права, толеранција, унапредување на здравјето на учениците, разрешување на конфликти и образованое за животни вештини. Учества како предавач на научни конференции во државата и собири во  локалната средина, објавува свои трудови од областа на психологијата.

Одговорен наставник за работата на Волонтерскиот клуб во СОУ „ Таки Даскало“ Битола од учебната 2006/07 год. од јуни 2018 член на Локалниот совет за волонтерство при Општина Битола, од 2011/12  одговорен наставник за проектот Образовен детски додаток во соработка со МТСП., член на тимот за превенција од дрога при општина Битола во периодот 2010-2012, координатор на проектот Безбедни училишта 2012-2015, Во 2013 год. Доделено и е општинско признание за наградата  “Св.Кирил и Методиј“ во категоријата за средно образование.

Николина Поповска

Никoлина Поповска, наставник по македонски јазик и литература. Високо образование на Филолошкиот факултет”Блаже Конески”-Скопје, УКИМ Работно искуство: Менторска работа со ученици: I, II и III место за менторство на: ДАФ-Кочани 2001, “Ацо Караманов” на Државниот натпревар по македонски јазик и литература 2005 и 2009, Државен рецитаторски натпревар 2002, 2006,2008,2009 и др. Општински натпревари за литературни творби (организирани од институции, граѓански здруженија итн.) во 2003,2006, 2007, 2008,2011;2015, 2018 и др. Уредник, рецензент и промотор на стихозбирки, соработник во проекти итн. Признанија: Плакета и Благодарница од Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, за соработка и афирмација на македонскиот литературен јазик 2004, 2014г. Награда “Св.Кирил и Методиј” за најдобар просветен работник во учебната 2011/2012 г.