Мисија

[edgtf_title_with_dots title=”МИСИЈА на СОУ „Таки Даскало“ Битола”]

Образовниот процес во СОУ „Таки Даскало“ Битола ќе биде адаптиран на индивидуалните можности и потреби на учениците независно од половите, етнички, културните и социо-економски разлики, преку примена на современа образовна технологија со цел за примена на стекнатите искуства во практиката и успешно вклучување на пазарот на трудот.

Во соработка со родителите и локалната средина континурано ќе се води грижа за здравјето и безбедноста на учениците ќе се одржува клима на доверба и взаемна почит на патот за кариерен развој.

Со перманентно стручно усовршување на наставниот кадар ќе се реализираат наставните планови и програми и проектите кои ќе не доближат до европскиот образовен систем и ќе се овозможи кариерно напредување на наставниците.

МОТО:  ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗНАЕЊЕТО

 

ЛОГО: УЧИМЕ ЗА ДА РАБОТИМЕ

 

ВИЗИЈА на СОУ „Таки Даскало“ Битола

           

СОУ „Таки Даскало“ Битола да биде училиште кое им нуди на учениците проширени знаења во гимназиско и стручно образование, апликативни во практиката на пазарот на трудот во локалната средина и во европските земји со осовременување на условите за учењеи личен развој.

Нашата визија ќе ја оствариме преку следење на современите текови, континуирано професионално надградување на наставниот кадар, отворање на нови образовни профили, со крајна цел знаењето да се применува во практиката и да се подобри квалитетот на живот на учениците како идни граѓани.

 

Приоритети за следните четири години од мојот мандат како директор:

 

  1. Континуирано подобрување на успехот и редовноста на учениците
  2. Јакнење на рејтингот на училиштето и зголемување на бројот на ученици, струки и профили
  3. Градењепартнерствосородителите(семејството) и локалнатазаедница;
  4. Подобрувањенаусловите заучењеи работа, преку обезбедување на финансиски и материјално-технички ресурси
  5. Меѓународнасоработка – поттикнувањена интеракцијата, соработката и мобилностапомеѓу нашите образовниискустваиискустватананашите европскипартнери;
  6. Поддржувањенапрофесионалниотразвојнанаставниците;
  7. Професионален развој на учениците преку спроведување на програма за кариерно советување и преку проекти и програми за учење на работното место
  8. Градење партнерство со стопанството и граѓанскиот сектор, со цел имплементација на проекти и програми за обука и развој на вработените и учениците и за обезбедување материјално-техничка и финансиска поддршка за училиштето
  9. Развој на Екоучилиште
  10. Развој на образовните можности за возрасните, развој на постсредно и неформалното образование (образование на возрасни)
  11. Обезбедување атмосфера за поддршка, која ги стимулира позитивните идеи за инклузивно образование, меѓуетничка интеграција во образованието во безбедна и хармонична средина.

 

Цели:

  • Развивање на стручни компетенции, практични вештини и способности кај учениците и наставниците;
  • Поттикнување на мотивацијата за повисоки постигнувања на сите субјекти вклучени во воспитно-образовниот процес
  • Подобрување на соработката со родителите
  • Развивање на информатичко-комуникациската писменост
  • Унапредување насоцијалникомпетенцииипретприемништво/дасенаучи какодасеучи,низстекнување општа култура и „меки“ вештини
  • Развивање на вештини за изработка на проекти
  • Јакнење на соработката со локалната и пошироката заедница
  • Градење партнерства со стопански, културни, образовни субјекти на државно и меѓународно ниво