Директор

Владо Ѓорѓиевски
Владо Ѓорѓиевски - Директор

Владо Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски Владо е роден 1957 година во с. Логоварди, дипломира на Филозофски факултет во Скопје, на Институтот за одбрана во 1983 година и се стекна со звањето професор по одбрана и заштита. Во работен однос е од 1980 година во Гимназија “Браќа Миладиновци” до 1986 година потоа во ЕМУЦ “Ѓорѓи Наумов”, од 1996 година до 1999 година директор е во ЗУЦ “Кузман Шапкарев”. Покарактеристични промени во времето додека беше директор: целосна реконструкција на јужното крило на зградата, опремување на нова просторија за наставниот кадар, дислокација на библиотечниот фонд во нова просторија, опремување на информатичкиот кабинет, целосна реконструкција на краварската фарма и нејзино проширување во слободен систем една од најсовремените во Југозападна Европа во тој период, вградување ново централно молзалиште со 4 молзни единици од марката Алфа Лавал со капацитет на лактофризерот од 600 литри, набавка на машина за молзење на кравите, обновување на основното стадо со 20 јунички со педигре од Холандија и Белгија и една од Оптичари, изградба на породилиште со телчарник, обновување на делови од свињарниците, целосна реконструкција на електричната инсталација, реконструкција на цвеќарницата и уредување на училишниот парк и околината, обновување на нов машински земјоделски парк со што се создадоа услови за најсовремена теоретска и практична настава во сопствени услови, набавка на контејнер за висококвалитетна сперма од канадско потекло. Реализирани проекти: Краварска фарма во соработка со Јапонската влада во висина од 120000ГМ, посета на Оденсе – Данска за унапредување на наставата и практиката, почетни иницијативи за проектот со Франција. Активна соработка со сите субјекти во околината. Во 2001 година учесник во конфликтот како раководен кадар со добиена признаница. Од 1ви септември 2019 назначен за В.Д Директор СОУ “Таки Даскало” – Битола. Во изминатиот краток период осовремен е кабиентот за градежно – геодетската струка и опремен е кабинет со најсовремени средства во графичката струка со што се создадоа најсовремени услови за изведување на практична настава, реновирање на наставничка канцеларија  и збогатување на фондот на библиотеката со лектирни изданија, опремување на кабинетите со смарт телевизори и друга ИКТ опрема.